Во Клиничката болница Тетово недостасуваат 400 здравствени работници, тврди Независниот медицински синдикат

Протест здравствени работници Тетово Фото: Слободен печат

Здравствените работници од Клиничката болница Тетово претпладнево околу половина час организираа мирен протест во кругот на здравствената установа.

Побараа подобро платени здравствени работници, современи апарати, како и неселективно вработување. Како најголем проблем го посочија недостигот на кадар.

„Нашата болница има вработени кои се недоволни според препораките на СЗО. Ние имаме 470 кревети и тука треба да има по три здравствени работници на еден кревет. Но, кај нас систематизација се прави по желботека и нас ни недостасуваат над 400 здравствени работници, за да се изврши квалитетна здравствена заштита. Тука се вработуваат со договор на дело, а се вработуваат и без систематизација. Треба да се провери каков кадар недостасува во болницата има план проект за тоа, но кај нас нема такво нешто, а сето тоа има негативна референца од друга страна. Нашите барања се општи, да се има неселективни вработувања, да има усогласување на плата, зголемување на коефицент, бенефициран стаж, да се следи состојбата зошто толку заминуваат здравствените работници во странство и тоа да се спречи“, рече Ариф Ибраими од Независниот медицински синдикат.

Македонија е членка на СЗО и треба да ги усогласи сите правила и акти со европските норми. Мора да има стандарди, а тоа подразбира квалитет во здравството, безбедност на пациенти и здравствените работници, за да не ни се случи некоја трагедија како и што ни се случи, кога живи изгореа 14 пациенти во модуларната болница, посочија здравствените работници на денешниот протест.

„Секоја установа работи по документи и акти, ако документите и актите не се читаат и не се спроведуваат тогаш нема стаднарди. Ние тапкаме во место, тоа значи дека недостасува нешто, нема поставеност и лидерство како и компетентни стручни лица кои се поставуваат според нивната професионалност, а не според другите начела“, дополни Арифи.

Протестот беше организиран по повод Денот на здравјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот