Во карантин со нова фризура, премиерлигашка ѕвезда го копираше Роналдо!
Својот нов имиџ Бразилецот го покажа на „Инстаграм“, воедно облечен во дресот на НБА кошаркарскиот клуб, Лос Анџелес Лејкерс.
Еден од најперспективните фудбалери во Премиер лигата, Ришарлисон е осамен во домашна изолација додека чека да заврши пандемијата на коронавирусот и воедно да се врати на своите дневни активности.
Препорачано
Пред играчот на Евертон се неколку недели изолација, а веќе во првите денови реши да направи нешто што малкумина се осмелуваат да го сторат.
Поточно, Бразилецот ја избричи главата и ја копираше фризурата на славниот сонародник Роналдо од Светското првенство во 2002 година.
Richarlison copies Ronaldo’s horrendous 2002, a novel way to entertain himself while in self-isolation, by mimicking his hero. pic.twitter.com/Lb7iuHZovD
— Lilian Chan (@bestgug) March 17, 2020
Својот нов имиџ го покажа на „Инстаграм“, облечен во дресот на НБА кошаркарскиот клуб, Лос Анџелес Лејкерс.
Од 2018 година ги брани боите на „карамелите“ и досега има 62 одиграни натпревари и 23 голови.
За најдобрата бразилска репрезентација има 19 мечеви и шест погодоци. Лани со „кариоките“ ја освои титулата на „Копа Америка“ кога беше стрелец на еден од головите во финалето (3:1) против Перу.


