Фото: Слободен печат

Во каква состојба се наоѓаат Македонците во Бугарија и како се станува тим лидер во светска компанија? Утре во „Слободен печат“

Во каква состојба се наоѓаат Македонците во Бугарија и каква е нивната борба за егзистирање како Македонци во оваа земја? Во утринската емисија „Слободен печат“ зборуваме со лидерот на ОМО Илинден-Пирин, Стојко Стојков.

Од ученик на генерација во Македонија, до асистент на Правниот факултет во Виена. Но тука не биле границите за Ивана Мота Маркес, Македонка која сега е тим лидер во компанија чии клиенти се големи светски корпорации како БМВ. Вештачката интелигенција е област во која работи во моментов. За „Слободен печат“ ја раскажува нејзината успешна приказна.

Матеј Петковски е мултиталентиран млад човек од Скопје. Од професионален ракометен голман кој 10 години го посветил на овој спорт и со гордост го носел дресот на македонската репрезентација станал мајстор во тетовирањето.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот