Знаме на Иран / Фото Архива на СП

Во израелски напад во Сирија загина командант на Исламската револуционерна гарда

Иран објави дека загинал командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во израелски напад во Сирија, пренесоа светските агенции. Техеран вети дека ќе се одмазди за ова убиство.

-Бригадниот генерал Рами Мусави, еден од најискусните советници на Корпусот на гардата на исламската револуција, е убиен во напад на ционистичкиот режим што се случи пред неколку часа, соопшти Корпусот.

Иранската државна телевизија објави дека три ракети биле насочени кон Мусави во областа Саида Зеинаб, јужно од Дамаск. Телевизијата прикажа снимка на која се гледа како чад се издига над областа на сомнителниот удар.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, која има голема мрежа на набљудувачи во Сирија, денеска извести за израелски напади врз позициите што ги користат иранските групи и либанското движење Хезболах во Сајда Зеинаб. Жителите на областа рекоа дека слушнале силни експлозии и виделе чад како се издигнуваат над него.

Иран е еден од главните поддржувачи на палестинското движење „Хамас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот