Во Источна Украина забележани 12 прекршувања на прекинот на огнот

Криза во Украина/Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE

Украинската армија соопшти дека во раните утрински часови забележала 12 прекршувања на примирјето од страна на проруските сили во источна Украина, вкупно 66 пати во изминатите 24 часа.

Во соопштението на украинската армија, објавено на официјалниот Фејсбук профил, се наведува дека „сепаратистите отвориле оган врз повеќе од 20 населени места, користејќи тешка артилерија, која е забранета со договорите од Минск”, објавија западните медиуми.

Инцидентите и гранатирањето преку линијата што ги дели владините и проруските сили драстично се зголемија оваа недела, што украинската Влада ги нарече „провокации”.

Украинската Влада ги демантираше најавите на Москва дека Киев би можел да започне офанзива во источниот дел на Украина.

Во меѓувреме, на Телеграм каналот на Центарот за координација и контрола на примирјето во источна Украина денеска е објавено дека украинските вооружени сили го прекршиле договорот за прекин на огнот во областа на самопрогласената „Луганска Народна Република” (ЛНР) 31 пат во изминатите 24 часа.

Во соопштението не се наведува дали и колку лица се убиени или повредени, но според објавените информации, украинските сили употребиле минофрлачи со калибар 82 мм и 120 мм, противтенковски ракетни лансери СПГ-9 и рачни минофрлачи РПГ-7 и АГС-17, тешки митралези и артилериско оружје со калибар 122 мм, објавија руските медиуми.

Самопрогласената „Доњецка Народна Република” (ДНР) денеска соопшти дека во украинското гранатирање е оштетена и важна водоводна станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот