Во Хонгконг уапсени пет лица поради планирање на терористички активности

Полиција/ фото МВР

Полицијата во Хонгконг денеска уапси уште пет лица поради наводно планирање на терористички активности, во момент на политичка тензија во оваа поранешна британска колонија поради влијанието на централните власти во Пекинг.

Четворица мажи и една жена се уапсени според законот за национална безбедност, под сомнеж дека подготвувале терористички заговор.

Минатата недела полицијата уапси девет лица, вклучително и шестмина средношколци, обвинети за планирање на производство и поставување експлозиви во градот, вклучувајќи судови, пристаништни тунели, железнички пруги, па дури и, како што тврди полицијата, планирале да поставуваат експлозиви во корпи за отпадоци низ улиците.

Полицијата тогаш соопшти дека пронашла хемикалии во импровизирана лабораторија за производство на експлозивен триацетон трипероксид или ТАТП, кој масовно се користи при бомбашки напади низ Европа и на други места.

Наведено е дека се можни натамошни апсења во врска со овој случај.

Политичката атмосфера во Хонгконг значително се влоши по репресијата врз демократското движење, кое во 2019 година масовно го мобилизираше населението на улиците протестирајќи против влијанието на централните власти во Пекинг.

Власта потоа усвои закон за национална безбедност во кој се наведува дека во Хонгконг можат да управуваат само „патриоти”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот