Во Херсон избувнаа пожари по руско гранатирање, најмалку две жртви

ФОТО: МИА

По руско гранатирање избувнаа пожари во Херсон, а има и жртви, соопшти вечерва шефот на воената управа на областа Херсон, Олександр Прокудин, пренесуваат украинските медиуми.

„Центарот на Херсон повторно е под оган од руската артилерија. Мета на окупаторите биле станбени згради. На некои места, пожарите се разгоруваат на местата на ударот. Во моментов се познати две жртви. Една од нив е 92-годишна жена“, се наведува во објавата на каналот Телеграм.

Како што претходно објавија украинските медиуми, денеска одекнаа неколку експлозии во областа Днепар во Херсон поради руското гранатирање од левиот брег.

Руската армија попладнево ја гранатираше населбата Новотијагинка во областа Херсон, при што е повреден еден цивил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот