Во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК

Хашим Тачи и Кадри Весели, обвинети во Хаг за воени злосторства на ОВК/Фото: ЕPA-EFE

Во Специјалниот суд во Хаг денеска се очекува да продолжи судењето за случајот против поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, јавува Косово-онлајн.

Минатата недела во Хаг, на седница затворена за јавноста, заврши сослушувањето на 19-от сведок во случајот против поранешните лидери на ОВК.

Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Првобитното обвинение против четворицата обвинети беше потврдено на 26 октомври 2020 година и оттогаш беше неколкупати изменето.

Во моментов е во сила обвинителниот акт поднесен на 27 февруари 2023 година.

Секој од обвинетите се товари врз основа на индивидуална кривична одговорност по шест точки за злосторства против човештвото: прогон, затвор, други нечовечки дела, тортура, противправно лишување од живот и присилно исчезнување на лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот