Во градинката „Пампурче“ е отворен сензорен центар за деца со попреченост

Фото: Општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и директорката на градинката „Росица“, Даниела Темелкова денеска во клонот „Пампурче“ во населбата Даме Груев го пуштија во употреба сензорниот центар наменет за деца со попреченост, прв центар од ваков вид во објектите наменети за претшколска возраст во Македонија.

Центарот е опремен со околу 60 елементи за изведување на оваа настава, сместени во три простории. Елементите ќе се користат како нагледни средства во директна работа со децата.

Поради се поголем број дечиња со попреченост во градинките, помошните простории кои претходно се користеле како помали простории за деца со попреченост во градинката „Пампурче“ се пренаменети и искористени за изградба на нов сензорен центар со три простории, и секоја просторија е со различна намена – информираше градоначалникот Стојкоски.

Во рамки на центарот има просторија за сензорна интеграција и сетилна соба, а се опремува и кабинет за психомоторни вежби за дечињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот