Во Германија петмина осомничени за напад инспириран од Исламска држава

Исламската држава / Фото: Архива на Слободен печат

Германските антитерористички сили во четвртокот извршија рација во домовите на пет млади луѓе западно од градот Бон, кои беа осомничени дека планирале напад инспириран од милитантната група Исламска држава, соопштија обвинителите.

Ниту еден од петмината осомничени – на возраст од 16 до 22 години – не беше уапсен бидејќи судиите само им дадоа наредби за претрес на истражителите со оглед на тоа што повеќето од осомничените се малолетни, пренесува Ројтерс.

Двајца од осомничените се германски државјани, други двајца се со двојни руско-германски државјани и еден е Турчин.

„Осомничените се обвинети за подготовка на терористички напад инспириран од пропаганден материјал на групата Исламска држава“, соопшти Јавното обвинителство во градот Дизелдорф, додавајќи дека рациите ги извршиле околу 350 полицајци.

Инспекторите ќе го анализираат материјалот одземен за време на претресот за да го користат како доказ против осомничените во секое можно судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот