Фридрих Мерц / EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во Германија денеска се очекува формирање на коалициона влада

„До пладне“ се проценува дека Христијанската унија (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ќе постигнат договор за формирање владина коалиција, објави првиот канал на германската јавна телевизија АРД.

Синоќа некои медиуми јавија дека успешно завршиле преговорите. Сепак, според АРД, преговарачите заминале во раните утрински часови без конечен договор.

Разговорите е предвидено да продолжат во 10:30 часот, додека објавата од исходот се очекува во текот на денот.

АРД наведува дека лидерот на Христијанско-демократската партија (ЦДУ) и веројатно следен канцелар Фридрих Мерц сакал денеска да го информира лидерскиот тим на неговата партија за досегашните резултати од преговорите со СПД.

Мерц во последно време добива силни критики во ЦДУ за „прекумерните отстапки“ кон неговите идни владини партнери, како и за притисокот за брзи резултати поради условите што се формираат по воведувањето на новите царини од страна на САД, поради што императивно е да се формира влада што е можно побрзо.

Засега останува непознато дали партнерите од денеска ќе бидат подготвени покрај нивниот програмски договор да ги презентираат и своите одлуки за лицата кои ќе ги пополнат владините позиции.

Покрај тоа, СПД потоа ќе треба да побара одобрение од своите членови преку електронско гласање. Поради велигденските празници, неодамна се разговараше за 6 мај како најверојатен датум за избор на Фридрих Мерц, објави мрежата НТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот