Во Еквадор убиен претседателски кандидат, го застрелале на предизборен митинг

Фернандо Вилависенсио / Фото EPA-EFE/STRINGER

Претседателски кандидат во Еквадор, Фернандо Вилависенсио, синоќа бил застрелан на крајот од предизборниот митинг во Кито, а извршителот на убиството набрзо бил идентификуван, но им подлегнал на повредите при апсењето. На видеата од предизборниот митинг, објавени на социјалните мрежи, се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници во кои е убиен 59-годишниот претседателски кандидат.

Осомничениот сторител умрел од повредите здобиени за време на апсењето, објави канцеларијата на јавниот обвинител. Партијата Мовимиенто Контрује на Вилависенсио објавија дека вооружени лица ги нападнале нејзините канцеларии во Кито.

„Во спомен на неговата борба, ве уверувам дека ова злосторство нема да остане неказнето“, напиша претседателот Гиљермо Ласо.

Тој додаде дека организираниот криминал во земјата „ја преминал границата“ и им порача на сторителите дека „целата тежина на законот ќе падне врз нив“.

Ласо најави свикување итен состанок на високи безбедносни функционери. Според анкетите на јавното мислење, центристот Вилависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од гласачите, со што бил на петтото место меѓу осумте претседателски кандидати во првиот круг од претседателските избори закажани за 20 август.

Вилависенсио, од провинцијата Чимборазо на Андите, бил поранешен член на синдикатот во државната нафтена компанија Петроекуадор, а подоцна како новинар ги посочил наводните милионски загуби во договорите за нафта. За нафтениот бизнис тој во вторникот поднел пријава до Државното правобранителство, но деталите од неговата пријава не се соопштуваат.

Вилависенсија бил под тешки критики од опозициските политичари за попречување на процесот на импичмент на Ласо оваа година, по што биле распишани предвремени избори. „Денес, повеќе од кога било, се повторува потребата да се дејствува силно против криминалот. Господ да го чува во негова слава“, напиша Јан Топиќ, претседателски кандидат.

Претседателката на Националниот изборен совет (ЦНЕ), Дијана Атамаинт, исто така во средата објави дека неколку членови на тоа тело, одговорно за следење на гласањето, добиле смртни закани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот