Во две тетовски села изгореа куќа и плевна

Два објекта, една куќа и една плевна, изгореа во пожари во Шипковица и Горни Челопек. Повредени нема, причинета е само материјална штета.

Како што информира командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити, едниот пожар избувнал вчера, а другиот рано утринава.

– За пожарот во Шипковица е пријавено околу 15 часот. На интервенција заминаа пет пожарникари со две возила. Во куќата живееше петчлено семејство, изјави Алити.

Пожарот во Горни Челопек е пријавен ноќеска во 01:00 часот. Во објектот кој се користел како плевна за чување добиток и сточна храна е интервенирано со пет возила и седум пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот