локални избори
Локални избори 2021 / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Во Дебар за втор круг локални избори гласаа болни и изнемоштени лица

Во Дебар денеска, еден ден пред утрешниот втор круг од изборите за градоначалник гласаа болните и изнемоштени лица кои поднеле барање гласачкото право да го остварат дома.

– Правото на глас денеска го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не беше запишано во избирачкиот список. Станува збор за 40 лица повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени, рече Јованка Јосифовска, потпретседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.

Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Комисијата не било пријавено ниту едно заразено лице со ковид-19 или во изолација.

Во Избирачкиот список во општина Дебар се запишани 19.211 лица. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот