Во Чикаго масовни грабежи и пукање, над 100 лица уапсени (ВИДЕО)

Фото: Twitter

Поради објавата на социјалните мрежи, во тоа подрачје се испратени 400 полицајци, а ги дочекаа каравани луѓе кои пристигнале со автомобили, рече тој.

Полицајците во Чикаго отворија оган врз разбојници и уапсија повеќе од 100 хулигани откако денеска во голем број нападнаа луксузен трговски кварт, кршејќи ги прозорците и судирајќи се со часови со силите на редот.

Началникот на полицијата Дејвид Браун оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначалничката Лори Лајтфут нагласи дека инцидентот се разликува од „оправдан бунт“ кој изби по смртта на Џорџ Флојд, кој на 25 мај беше убиен од страна на полицајци во Минеаполис.

„Ова не беше организиран протест. Ова беше инцидент од чист криминал“, рече Браун на конференцијата за новинари.

Повредени се најмалку 13 полицајци, а со огнено оружје се ранети и еден чувар и цивил, додаде тој.

На социјалните мрежи се објавени слики од искршени излози и луѓе како бегаат со разни работи украдени од продавниците. Повеќето инциденти се случија на Авенијата Мичиген, во луксузниот квар познат како Величествена милја.

Луѓето биле привлечени од објавите на социјалните мрежи во кои се поттикнува на грабежи во центарот на градот откако избија напнатости поради тоа што полицајци пукаа на вооружено момче, рече Браун.

Додека полицијата го испрашувала уапсениот 20-годишен осомничен, тој побегнал, пукајќи врз полицијата која го бркала, рече тој. Полицијата возвратила и го погодила. Момчето е во болница и се очекува да преживее.

„По пукањето се собраа повеќе лица.. Страстите вечерта се разгореа, поттикнати од дезинформации“, рече Браун.

Поради објавата на социјалните мрежи, во тоа подрачје се испратени 400 полицајци, а ги дочекаа каравани луѓе кои пристигнале со автомобили, рече тој.

Кога полицајците уапсија еден маж кој се обидел да побегне со каса, врз нив е пукано од возило во движење, на што тие одговориле, рече тој.

Браун вети дека полицијата ќе ги загуши нередите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот