Во чии раце ќе заврши наследството на Кирк Дагас од 60 милиони долари?

Актерот Кирк Даглас кој почина на 5 февруари оваа година, според пишувањето на „Mirror“ своето богатство од 60 милиони долари го оставил во добротворни цели.

Како што вели „Miror“ Кирк не му оставил пари на својот син Мајкл, за кој податоците велат дека „тежи“ околу 300 милиони долари.

Кирк Даглас оставил тестамент, според кој своите пари им ги оставил на неколку корисници. Вкупно 50 милиони долари ќе бидат донирани преку фондацијата „Даглас“, која тој ја основаше со неговата сопруга Ана. Долги години Кирк Даглас е познат по добротворните придонеси.

Како што велат од „Mirror“, меѓу корисниците на парите на Кирк се: универзитет „Св Лоренс“, храмот Синај во Лос Анџелес, театар „Кирк Даглас“ и детска болница во Лос Анџелес.

Кирк Даглас и сопругата Ана речиси целиот живот го поминаа учествувајќи во дарежливи донации.

Ана е втора сопруга на Кирк Даглас, со која има тројца од неговите четири сина: Мајкл, Џоел и Питер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот