Дарко Костовски/Фото: Општина Бутел

Во Бутел ќе се гради поликлиника, Костовски не кажа ни кој ќе ја гради ни колку ќе чини

Градоначалникот на Општина Бутел денеска соопшти дека потпишал договор за изградба на нова поликлиника, која треба да се гради на местото на старата амбуланта.

Притоа, тој освен што соопшти дека изградбата ќе започне наскоро,  „заборави“ да каже со кого е потпишан договорот, колку ќе чини изградбата и до кога треба бутелчани да ја добијат новата поликлиника, но не заборави да му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски и да спомене дека исполнува изборно ветување.

И официјалното соопштение што стигна до медиумите не се разликува од информацијата на градоначалникот.

Ве известуваме дека денес (23 март 2026 год.) градоначалникот Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. Предизборното ветување на градоначалникот се исполнува. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел. Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении. Новата поликлиника ќе биде изградена на местото на старата амбуланта и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги за сите граѓани. Во новиот објект ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека, соопштија од Општина Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот