Во Британија одобрен лекот за Алцхајмер, достапен е само за оние кои можат да го плаќаат приватно
Британската агенција за лекови го одобри лекот леканемаб за Алцхајмеровата болест, за кој велат дека е првиот лек што покажал некакво влијание во забавување на прогресијата на Алцхајмеровата болест, но Владата нема да го финансира и лекот останува скап и недостапен за повеќето пациенти.
Препорачано
Но, Владата на Велика Британија веројатно нема да плати финансирање за лекот откако независна агенција издаде посебен извештај во кој заклучува дека предностите на леканемаб „не можат да се сметаат за добра вредност за даночните обврзници“.
Покрај цената на лекот, обезбедувањето на леканемаб бара пациентите да бидат хоспитализирани на секои две недели за да го добијат и за внимателно да се следат поради можните несакани ефекти. Експертите укажаа и на недостаток на податоци за долгорочната ефикасност на лекот леканемаб.
– Реалноста е дека придобивките од овој лек се мошне мали за да се оправдаат толку значајни трошоци – рекла д-р Саманта Роберс, извршна директорка на Националниот институт за извонредност за здравје и нега (НИЦЕ).
Агенцијата проценила дека околу 70.000 луѓе во Британија би можеле да имаат корист од леканемаб. Лекот и понатаму е достапен само за оние кои можат приватно да го платат.
Во САД чини околу 26.000 долари по пациент годишно.
– Ова ќе доведе до поголема нееднаквост кај луѓето со деменција, бидејќи само оние што имаат пристап до приватна здравствена заштита ќе можат да го примаат лекот – рекла Тара Спајр Џонс, директорка на Центарот за откривање на науката за мозокот на Универзитетот во Единбург.
Минатиот месец, Европската агенција за лекови препорача леканемаб да не биде одобрен во земјите на ЕУ, велејќи дека влијанието на лекот врз забавувањето на когнитивниот пад не е поголемо од неговите сериозни несакани ефекти, вклучувајќи ги отокот и потенцијалното крвавење во мозокот.
Некои од испитувањата покажаа дека леканемаб, направен од јапонската фармацевтска компанија „Еисаи“, ги забавува раните фази на Алцхајмеровата болест. Ова е првиот напредок во лекувањето по речиси три децении, пишува британски „Телеграф“.
Во Британија ќе биде одобрен лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест


