Во борба против загадувањето со итни политики, ажурни инспекции и постапување по наодите

фото МИА

Стратегии и акциски планови за заштита на животната средина постојат. Систем на казнена политика има, а она што е важно е ажурно спроведување на инспекциите, постапување по прекршоците и преземање политики со цел итна климатска акција против климатските промени.

Ова е пораката од учесниците на денешната конференција „Акција против климатски промени СЕГА!” што во организација на Зелен институт, ДОМ, со поддршка холандската фондација Biro de Helling.

-Суштинска е трансформацијата од фосилни горива кон обновливи извори на енергија. Нафтата, јагленот и гасот  се фосилни горива и треба што побрзо и поефикасно да се спроведе таа транзиција. За земјава особено значи употреба на сонцето и ветерот. Ние сме земја на сонцето, а статистиките покажуваат дека 0,5 отсто е искористеноста на сончевата енергија за производство на електрична енергија, бидејќи тоа е еден од главен емитори на стакленички гасови, рече пратеничката и лидер на ДОМ Маја Морачанин.

Таа порача дека освен во енергетскиот, транзиција е потребна во индустријата, транспортот и затоплувањето.

Меѓу решенијата ги понуди вложувањето во железничкиот транспорт, во кој земјава доцни со децении, како и повеќе да се користи јавен превоз. Во индустријата упати на поголеми инспекциски контроли на емисиите на гасови, а во делот на затоплувањето порача транзицијата да биде фер и да се заштитат ранливите категории, при што товарот да не падне на граѓаните, туку на загадувачите.

Ана Петрова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, порача дека е потребно ажурно спроведување на инспекциските контроли и како се завршува инспекциската контрола.

Според неа, системот на казни е решен законски и пред сите има одредени предизвици, како пред Министерството, така и пред инспекциите, но и во делот на вештачењето како составен дел од докажувањето на делото, истражните органи, како Јавното обвинителство коешто нема доволно капацитет да ја заокружи истрагата, па се до делот на технички специфики на загадувањето, како и одмерувањето казни кај судиите.

Петрова соопшти дека во изминатите три години имало 70-тина случаи на прекршоци доставени до ЈО, меѓутоа ниту еден досега не е досуден.

За Томас Вајс, поранешен европратеник и член на Извршниот комитет на Европските зелени од Австрија, во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја, важно е да се инвестира во инсфраструктурата и јавниот превоз.

Според Наташа Амдиу од Зелениот институт, за оваа важна тема за која нема многу интерес оваа конференцијата е повик до граѓанските организации и релевантните институции да се преземе заедичка акција за да се придонесе кон спречување на влијанието на климатските промени.

-Никогаш не е доцна да се почне, страшно е да не се почне воопшто, истакна Амдију која забалежа дека во земјава нема и доволно сеопфатни истражување за да се направи проценки колкаво е влијанието од климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот