Во болниците се лекуваат 1.699 болни од коронавирус, има 335 слободни кревети

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за задраство. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 702 лица, а во болниците во другите градови  998.

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус во болниците во Македонија е 1.699, а во ковид-центрите има околу 335 празни болнички кревети.
Од МЗ соопштија дека во последното деноноќие на интерните и хируршки клиники имало 32 приеми, во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември 12, а исто толку и во Инфективната клиника. Во Козле  не се примени нови болни, 4 пациенти се примени на Клиниката за детски болести, а на Институтот за физикална медицина  9.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во  ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, на Инфективна лежат 153 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле 29, а во Институтот за физикална медицина 58 болни. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 85 слободни места.
Во  болницата во Битола се хоспитализирани 150 пациенти, во Штип 87, во Тетово 39, во Велес 87 болни, а во Куманово 97 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се лекуаат 105 пациенти, во Прилеп 118, во Гостивар 42, а во Струга 22. Во болницата во Струмица има 95 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 35, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот