Во бизнисот не му оди како во фудбалот: Рајан Гигс „заглавил“ во долг од над пола милион евра
Легендарниот Рајан Гигс остави длабока трага на терените во Манчестер јунајтед и репрезентацијата на Велс, но во деловниот свет очигледно не му оди толку добро.
Препорачано
Според документите кои ги објави британскиот таблоид „Сан“, ресторанот во негова сопственост пропаднал минатата година, оставајќи зад себе долг од околу 648.000 евра.
Финансиската состојба била толку сериозна што компанијата не успеала да покрие ниту обврска од околу 25.000 евра кон ликвидаторите. Гигс, пак, изгубил и околу 114.000 евра лични средства кои ги вложил во ресторанот, отворен во 2014 година заедно со пријателите Келвин Грегори и Берни Тејлор во Ворсли, во близина на Манчестер.
Листата на долгови е голема, околу 87.000 евра за даноци, приближно 50.000 евра кон банки и минуси на сметки, како и околу 32.500 евра неисплатени обврски кон вработените. Уште во март 2025 година се појавија информации дека персоналот добил отказ без да им бидат исплатени платите.
При затворањето на ресторанот, кој подолг период работел со загуби, на вработените им било соопштено дека одлуката е донесена поради намален обем на работа и трговија, како и поради зголемени трошоци.
Фудбалери од Серија А се вмешани во скандал со луксузна проституција
ФИФА во проблем: Нема интерес за еден од натпреварите со најскапи влезници на Мундијалот?


