Во Билтенот на МВР пријави во врска со изборниот процес во Скопје, Велес и Битола

Неколку пријави во врска со нарушување на изборниот процес во Скопје, Велес и Битола се регистрирани во дополнението на Билтенот што го објави денеска Министерството за внатрешни работи.

Во Полициската станица Карпош, Ј.У.(75) од Скопје вчера во 9.20 часот пријавил дека добил СМС порака од непознато лице, кое според содржината го наведувало на изборите да гласа за одредена партија. Со случајот бил запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Во СВР Велес вчера било пријавено дека П.А. од Градско, пред доаѓање на Избирачкиот одбор, дошол во дворот на А.С. (лице со здравствени проблеми) на ул.„Борис Трајковски” и му дал 1.000 денари за да гласа за одредена политичка партија. Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со П.Е., старател на А.С. и со потврда банкнотата билa одземена. Бил извршен разговор и со П.А., а СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Во СВР Битола било пријавено дека ноќеска во 01.30 часот по полноќ, во с.Новаци, битолско, В.Ј. од истото село растурал летоци. Тој бил приведен во Полициското одделение Новаци. Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот