Македонски пасоши/ Фото: МИА

Во Амбасадата во Виена за два месеци издадени 200 пасоши

Од 20-ти октомври од кога стапи во функција базната станица во Амбасадата на Северна Македонија во Виена, нашата дијаспора во Австрија се стекнува со нови патни исправи по скратена постапка, која не трае повеќе од еден месец.

Како што информира МНР, досега 330 наши државјани се сликаа, а 200 од нив веќе ги добиле новите биометриски пасоши.

Според амбасадорот Ненад Колев, со новата постапка за мобилно издавање на пасоши исчезнаа долгите редови на наши државјани кои чекаа пред Амбасадата.

– Дијаспората во Австрија го поздрави поставувањето на базна станица за земање на биометриски податоци на граѓаните за пасош во просториите на амбасадата во Виена и го оцени како вистински потег. Со оваа постапката за добивање нови пасоши, кои и натаму се изработуваат во Скопје, се скрати на само еден месец, од шест месеца во нормални услови, до девет месеца во време на короната. Воедно, речиси и да исчезнаа огромните редици од наши граѓани кои пред конзуларното одделение на Амбасадата чекаа за патни листови!, истакна Колев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот