Патници на Скопскиот аеродром ТАВ/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Во 2024 година, во Македонија се доселиле 799 луѓе повеќе отколку што ја напуштиле

Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 луѓе, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија на Државниот завод за статистика.

Најмногу од доселените странци се од Европа – 2 527, од кои 2 049 од Турција.

Со Европа имаме позитивно миграциско салдо во 2023 година. Од европските држави во земјава се доселиле вкупно 2 953 лица, додека се иселиле 2 127 граѓани. Најмногу доселени имаме од Турција – 2 083, потоа следи Косово – 177, Србија – 121 и Германија – 99 лица.

Од земјава најмногу во Европа лани заминале во Германија – 749, Турција – 284, Швајцарија – 237, Италија – 136 и Словенија -124 граѓани.

Со Америка имаме негативно миграциско салдо, од каде вкупно се доселиле 96, се иселиле 135 лица. Најголем дел од доселените лица се од САД – 61, од кои 22 странци, 10 од Бразил, 21 од Канада, тројца од Венецуела и еден од Чиле. Најголем дел од отселените се во САД – 112 и Канада – 22 лица.

Миграциското салдо со Азија ни е позитивно, се доселиле вкупно 72, а се отселиле 29 лица. Најмногу доселени странци има од Индија – 9, Јордан – 7 и Пакистан – 5. Најмногу иселени има во Сириска Арапска Република – 4 и Пакистан – 3.

Од Африка се доселиле вкупно 22 лица, од кои најмногу од Египет – 6, Тунис и Нигерија – по три. Истовремено, од земјава во африканските држави се отселиле лани десет лица, најголем дел во Гамбија – 3.

Во Океанија се иселиле 77, а од таму во земјава се доселиле 32 лица, сите од Австралија. Најголем дел се отселиле во Австралија – 72, а петмина во Нов Зеланд.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека најголем дел од податоците во Годишникот се добиени од редовните статистички истражувања, анкетите и пописите што ги спроведува Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), а вклучени се и податоци што ги подготвуваат другите органи и институции кои учествуваат во статистичкиот систем на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот