Внукот на Панчевски поднел документи на конкурс откако го добил решението за работа

Државната комисија за спречување на корупција ќе поднесе иницијатива до Основното Јавно Обвинителство за пкренување на кривична постапка против службените лица кои биле инволвирани во вработувањето на Јордан Тасевски на позицијата Помлад судски соработник во Основниот суд Скопје 1.

Тасевски е внук на поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, за кој исто така Антикорупциска ќе поднесе иницијатива за покренување на кривична постапка.

Јордан Тасевски воопшто не ни бил пријавен на конкурсот за вработување и документите за конкурирање ги поднел откако го добил решението за работа.

Антикорупционерката Катица Николовска која го работеше овој случај по допрен глас од медиумите, откако го претстави случајот на денешната седница на крај само кратко искоментира дека овде очигледно станува збор за кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот