Внуката на Тито откри: Ќерка ми сака да избега од товарот на познатото презиме

саша тито
Саша и нејзиниот дедо Јосип Броз Тито / Саша и нејзината ќерка Сара Фото: Принтскрин/Инстаграм/brozsasa

Внуката на Јосип Броз Тито, Саша Броз која по професија е театарска режисерка призна дека нејзината ќерка, односно правнуката на Тито, Сара, за да се ослободи од товарот на познатите корени, решила да си го промени презимето.

„Пред две години рече дека сака да избега од товарот на моето и презимето на Ранко и дека решила да го земе презимето на нејзината баба, Хас. Јас и Ранко знаеме што значи да се носи товарот на познатото презиме, татко му е актерот Крешимир Зидариќ. Ја поддржавме затоа што чувствувавме дека тоа е природно за неа и дека има смисла“, призна Саша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saša Broz (@brozsasa)

Херта Хас е една од четирите официјално признати сопруги на Јосип Броз Тито. Убавата Словенка го запознала Тито во 1937 година во Париз. Почнале да живеат заедно во куќа под кирија во Загреб, под лажни имиња – Марија Шариќ и инженерот Славко Бабиќ. Тие биле заедно до 1941 година, а по заминувањето на Тито, Херта го родила синот Александар Мишо, таткото на познатиот режисер. Таа почина во 2010 година во Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saša Broz (@brozsasa)

За разлика од нејзината ќерка, Саша Броз откри дека научила да живее со познатото презиме.

„На 53 години научив да живеам со него. Се гордеам со моето презиме и гордо го носам. Театарот е специфичен медиум. Во него презимето не значи ништо, туку печатот што го оставаш со својата работа и тоа нема врска со генетиката и затоа останав таму после балетот“, призна Саша Броз за „Вечерњи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saša Broz (@brozsasa)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот