Внуката на Грејс Кели: Да се биде жена и да сакаш да ја изразиш својата единственост е борба

Instagram
Instagram

Грејс Кели ќе остане запаметена како актерката која стана принцеза. Таа важеше за икона на стилот и една од најконтроверзните членови на благороднички фамилии. Нејзините наследници уште раскажуваат за неа.

Иако за животот на Кели многу малку се знае, ќерката и внуката на една од најпознатите светски принцези честопати со гордост раскажуваат за нивната гламурозна роднина. 

Instagram
Грејс Кели и Френк Синатра / Instagram

Внуката на Грејс, ќерка на принцезата Каролин од Монако, Шарлот Казираги никогаш не ја запознала својата баба. Како што изјави таа, може да види сличности во маниризмите кај нејзината мајка и баба, присетувајќи се некои од старите холивудски филмови на Грејс.

Врската помеѓу мајка и ќерка е сложена работа, мајката зазема семоќно место, дури и кога е љубовна и нежна… Не станува збор за споредба. Кога гледам филмови на баба ми, во неа ја гледам твојата благодат, твоето трагање, твојата дисциплина и твојата мистерија“, изјави Шарлот.

Instagram
Каролин и Шарлот / Instagram

Каролин (63) во интервју за францускиот магазин „Madame Figaro“, заедно со нејзината ќерка Шарлот го откри ставот на нејзината мајка кон образованието на жените.  Таа изјави дека нејзината мајка Грејс Кели ѝ рекла дека „не треба да оди на училиште“.

Instagram
Шарлот и Каролин / Instagram

Јас припаѓам на генерацијата во која ова прашање беше живо. Сепак, се сеќавам дека мајка ми со добра волја ми рече: „не треба да одиш на училиште“. Се сеќавам и на еден универзитетски професор кој со неверојатна суровост ми рече: – Заземаш место студент кој повеќе го заслужува тоа од тебе“, рече таа.

Зборувајќи за феминизмот, таа исто така откри дека кога била дете, во дворот на Монако не ги сакале многу Жан Пол Сартр и Симон де Бовоар, авторка која е звучно име за феминистичките движења.

Instagram
Instagram

Ќерката на Каролин, Шарлот, рече дека не е лесно да се биде жена, дека денес жените се под притисок да имаат сè, притоа се жртвуваат себе.

Да се биде жена и да сакаш да ја изразиш својата единственост е борба, без оглед на твојата позиција“, изјави Шарлот. „Тоа е борба, а не војна, но не е лесна работа. Под изговор дека жените се еманципирале, дека им е дозволено да имаат кариера, деца, и покрај тоа што остануваат пожелни, денес помалку го гледаме делот на жртвата што е во тоа да се биде жена“, вели таа.

Instagram
Грејс Кели / Instagram

Кели Грејс зад себе остави успешна актерска кариера во Холивуд откако се вљуби во принцот Рајнер III од Монако во 1955 година. Тие една година подоцна се венчаа. Дотогаш, таа беше позната ѕвезда во филмовите на Алфред Хичкок како „Rear Window“ и „To Catch a Thief“.

Двојката имаше три деца, најстарата Каролин, Алберт II која денес е принц од Монако и принцезата Стефани. Најмладата, Стефани, која тогаш имала 17 години, била во автомобилот со нејзината мајка кога се случила несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот