Гласачко место 2609 - Оу. Влоадо Тасевски - козле - Карпош - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Гласачко место 2609 - Оу. Влоадо Тасевски - козле - Карпош - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг добива 32 градоначалници, СДСМ тројца, Вреди пет, а НАИ четири

Градоначалник во првиот круг на вчерашните локални избори е избран во 44 општини, а според првичните неофицијални резултати најголем дел од нив се кандидатите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите на 3 472 од вкупно 3 474 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 32 општини, а избрани уште во првиот круг.


Извор: Државна изборна комисија

Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, бидејќи во неа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има точно 50 отсто освоени гласови, што е на границата потребни гласови за победа во првиот круг.

Од останатите учесници во трката за градоначалник, обработените податоци покажуваат дека во првиот круг Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) победил во три општини, коалицијата ВЛЕН во две повеќе, односно пет, а коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ во 4 општини.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип, додека Старо Нагоричане е граничен случај, бидејќи, како што веќе наведивме погоре, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.

Социјадемократскиот сојуз во првиот круг освои градоначалнички места во општините Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Коалацијата Вреди во трката за градоначланик во првиот круг победи во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

Коалцијата НАИ, предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.

Изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот