ВМРО-ДПМНЕ: Владата плаќа 40 милиони евра на фирма водена од странски конзул

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Владата молчат дали основата за 40 милиони евра за три години е колегијалноста на Димитар Ковачевски со првиот на Аитоникс, Марко Андонов, со кого се колеги професори од ист приватен универзитет, изјави денеска на прес Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Една година откако фирмата Аитоникс добива договор на 15 милиони евра, владата го именува Марко Андонов, од Аитоникс за почесен конзул на Грузија во Македонија, односно тој добива дипломатски статус, со задача да ги промовира интересите на странската влада што го назначува и добива заштита и поволности и им обезбедува на дипломатите иста онака како што се оние од кариера.

Владата на Ковачевски годинава потпишува втор договор тежок 25 милиони евра, со фирма каде првиот во одборот на директори е колега на премиерот и притоа конзул на странска држава. Тој договор е за лиценци за компјутерски програми и би требало да гарантира популарно кажано сајбер безбедност.

Почитувани овој скандал е поголем од набавката на МВР на компјутерска опрема од семејна фирма на човек од црната листа на САД“, смета Столиковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот