ВМРО-ДПМНЕ: Нова претседателка на Судскиот совет Дамева е активистка на СДСМ

Фото: youtube/printscreen

„Во услови кога сите, па и самата власт посочува незапирливо загрижувачко растечко ниво на криминал и корупција, денеска за претседател на Судски совет е избран активист и поранешен член на партиска комисија на СДС, Весна Дамева“, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова, испратено до медиумите по денешниот избор на Дамева на функцијата.

На изборот претходеше оставка на претседател на Судски совет којшто посочи на, цитирам, хајка од судско-бизнис елита. Весна Дамева и денеска по изборот мораше да ја правда фотографијата на којашто таа е фотографирана со сета партиска комисија на СДС заедно со Зоран Заев. Скандалозно е нејзиното објаснување за фотографијата, кога вели дека тоа што е сликана во партиски простории на СДС, со сите членови на партиската комисија на СДС, со Зоран Заев од СДС, дека тоа не давало впечаток за нејзина партиска припадност. Понатаму продолжува дека „не било спорно”, и дека „ Ние како граѓани сме симпатизери, сме поддржувачи” на политичка опција“,

Почитувани, за партиско политичкиот момент во овој скандалозен избор на претседател на Судски совет, не може да се изземе и претходниот избор на Дамева за член на Судскиот совет, кога од стручна соработничка во Основен суд, којашто никогаш не облекла тога и не влегла во судница, не донела ниедна пресуда, на предлог на СДС и Стево Пендаровски беше избрана да ги цени судиите во Основен, Апелационен и Врховен суд.

Поголем доказ за партизација и избор на судии и членови на Судски совет, како и на сега претседател на Советот по, со зборови на Дамева, „тевтерче”- едноставно нема! Тевтерчето од кое што таа е избрана го видоа сите на фотографијата!

Почитувани, Ова е четврти скандал поврзан со партизација на судството и судските органи во само две недели. По изборот на Весна Дамева за претседател на Судски совет продолжува да се девастира судството и да се уништува правниот систем!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот