ВМРО-ДПМНЕ: Избрани нови кадровски решенија

Фото: МИА

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше седница на Извршниот комитет, на која, како што информираат од партијата, биле донесени кадровски решенија.

„По одлука на ИК, а по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати избрани се членови и претседатели на повеќе комисии.

За претседател на комисија за надворешни работи е избрана доц. д-р. Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, доктор на правни науки, насока Уставно право. Рунчева Тасев има објавено 30-тина трудови во домашни и странски списанија од областа на правото и политичкиот систем. Рунчева Тасев говори англиски и германски јазик.

За претседател на комисијата за здравство е избран доц. д-р. Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет – Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.

За претседател на комисијата за култура е избран Зоран Љутков, вработен во Драмски театар – Скопје. Љутков глуми во повеќе театарски претстави, а учествува и во телевизискиот серијал „Петко”. Љутков е и Селектор за драмската програма на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето”.

За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година. Ристески е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, член на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

За претседател на комисијата за спорт е избран доц. д-р. Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје. Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје, предавач на центар за едукација на ракометни тренери на РФМ, како и спортски директор во Академија Пандев Струмица 2017/2018.

Покрај претседателите, се избрани и членови на истоимените комисии.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше и за моменталната економско-политичка ситуација во државата. Нотирано е дека власта врши политички реваншизам и ги злоупотребува институциите. Најстрого е осудено апсењето и притворање на Димовски, Митески и другите гонети во политичкиот процес од страна на власта, кој има за цел дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.

Беше констатирана и лошата економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ нотира дека државата нема просперитет со СДСМ на власт и потребно е нивно итно заминување“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот