Владее од 1979 година и нема намера да се повлече: Претседателот со најдолг стаж во светот повторно избран

Претседателот на Екваторијална Гвинеја/ Фото миа.мк

Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите одржани на 20 ноември. Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го овјави тоа на Твитер.

Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на 80-годишниот Објанг шести мандат на функцијата и ќе го зацврсти неговото место како шеф на држава со најдолг стаж во светот – на власт е 43 години.

„Конечните резултати повторно ни докажаа дека сме во право. Продолжуваме да докажуваме дека сме голема политичка партија”, напиша потпретседателот на Твитер.

Западноафриканската земја со околу 1,5 милиони жители имала само двајца претседатели од стекнувањето независност од Шпанија во 1968 година. Објанг го собори својот вујко Франциско Масиас Нгуема со државен удар во 1979 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот