4 C
Скопје

Владата повторно ќе дава субвенции, овој пат 52 милиони денари ќе бидат поделени за енергетско ефикасни прозорци и сончеви колектори

Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година е усвоена вечерва на 39-тата седница на Владата посветена на информациите за годишните програми и планови за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции, самостојни управни органи и управни организации,  согласно буџетските средства предвидени за 2021 година и планот за рационализација.
На предлог на Министерството за економија, како што соопшти владината прес-служба, се одвоени 52 милиони денари.
Средствата ќе се користат за повеќе мерки, како што е надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 проценти, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања.
Предвидени се пари и за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
Ќе се надоместуаваат и дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари, како и до 70 проценти но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања.
Една од мерките е надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 проценти, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.
Корисници на оваа програма во категоријата на  лица со ниски примања се: лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари, лицата со ниски примања  кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000 денари и ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.
-Надоместот на дел од средствата од дел II од оваа програма ќе го остварат лицата кои досега не користеле средства од Буџетот на Република Северна Македонија за наведените мерки во дел II од оваа програма, стои во соопштението.
Извор:МИА
Прочитајте и...  Јеремиќ: Опозиција ја усогласи платформата за преговори со властите со посредство на ЕП

Поврзани вести

Се сруши патнички авион: Најмалку 12 лица загинаа во Јужен Судан

Слободен печат

Кумата на Путин влегува во политика: Русија и Украина на работ на нова војна?

Илинка Иљоска

Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?

Дино Чупевски

Мас: Ние остануваме на ветувањето дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Слободен печат

Николовски: Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција

Слободен печат

Николовски: Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте

Слободен печат

Остави Коментар