Владата на Чешка прогласи ден на жалост во сабота

Прага, Чешка / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешката влада на вонредна седница прогласи ден на жалост за трагедијата на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет во Прага, кога дваесет и четиригодишен студент уби 14 лица, а повреди 24 други.

Националните знамиња ќе бидат на половина копје во сабота, 23 декември.

На седницата на Владата присуствуваа претседателот на Чешката Република Петр Павел и претседателката на Претставничкиот дом Маркета Пекарова Адамова, јавуваат медиумите.

Во престрелката на Факултетот за уметности на Универзитетот Карло (ФФ ОК) во Прага, 14 лица загинаа, а 24 се ранети, од кои 10 потешко, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек претходно вечерва на прес-конференција.

Се истражува дали напаѓачот бил убиен од полициски куршум или си го одзел животот, посочи Вондрашек.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан рече дека стои зад полициската интервенција и дека таа била „многу професионална“.

Началникот на полицијата Мартин Вондрашек изјави дека претходно денеска било пријавено дека маж заминал за Прага од неговиот град во областа Кладно, недалеку од главниот град на Чешка, со намера да се самоубие.

Претходно таткото на напаѓачот бил пронајден мртов, што ќе биде предмет на истрага.

Ројтерс објави дека злосторствата извршени со огнено оружје се релативно ретки во Чешка, наведувајќи две масовни убиства во последниве години.

Во декември 2019 година, 42-годишен напаѓач уби шест лица во болничка чекална во Острава на истокот на земјата, а потоа побегна и се самоуби.

Во 2015 година маж уби осум лица, а потоа се самоуби во ресторан во Ухерски Брод.

ВИДЕО: Студенти легнати на земја, во околината на универзитетот викотници и паника

Европските лидери изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и повредените во Прага

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот