Љупчо Коцевски

Владата го менува државниот обвинител Коцевски, испрати предлог до Собранието

Владата денеска го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, со што постапката, која беше ставена во мирување за време на изборниот период – продолжува, откако тоа повеќепати го најавуваше премиерот Христијан Мицкоски.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција информираше дека причините за ваквата одлука се „веќе јавно познати и претходно образложени“.

„На владина седница усвоен е предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски, со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана за време на изборниот период. Причините за оваа одлука се јавно познати“, изјави Митева.

Таа објасни дека Владата, врз основа на член 88 став 1 од Законот за јавно обвинителство и по добиено мислење од Советот на јавни обвинители, му предлага на Собранието да го разреши Коцевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија.

Како причини за иницијативата се наведуваат „направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што довеле до нарушување на неговата ефикасност и функционалност, како и неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети“, со што била повредена обврската за заштита на тајноста на постапката.

Предлогот за разрешување на Коцевски сега оди во Собранието, каде исто така треба да биде усвоен.

Коцевски: Не треба да има Анкетна комисија за Кочани, може да се компромитираат докази и сведоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот