Владата ги радикализира мерките за заштита од вирусот: Короната нѐ затвори дома!

Во утрешниот број на „Слободен печат“ читаjте:

Во утрешниот број на печатеното издание на весникот „Слободен печат“ читајте за заострените мерки за коронавирусот кои сите ќе не затворат дома. Угостителските објекти, кафеаните, кафулињата, казината, обложувалниците да работат само до 18 часот, и тоа со капацитет од половина гости, за да може да има по еден метар растојание меѓу нив. Се предлага и да се забранат сите приватни настани без разлика на тоа колку гости ќе имаат.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во Италија има форма на полициски час. Никој не смее да излезе од дома без специјална дозвола. „Не сакаме да дојдеме дотаму, па затоа воведуваме вакви мерки во оваа фаза“.

Во новиот „Слободен печат“ колумни на Срѓан Ивановиќ, Џабир Дерала, Теофил Блажевски, Игор Рудан и Кица Колбе.

Во петочното издание на весникот прочитајте и интервју со премиерот Оливер Спасовски, читајте и за епилогот на лидерската средба, и за тоа што велат експертите за „војната“ меѓу Владата и фирмите за мерките против коронавирусот: Препораката не е обврска, но јавното здравје е закон.

Од останатите теми: Трамп ја излоира Америка од Европа, интервју со Драган Спасов Дац и Александар Митевски, совети од италијанските лекари како да избегнете коронавирус и многу други теми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот