Седница на Владата / фото: Влада

Владата ги именува поверениците за општините во кои ќе се повторат локалните избори

Владата соопшти дека на денешната 131 седница постапила по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик, за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветната општина, не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Во однос на тоа, согласно член 134 став 2 од Изборниот законик, Владата за повереници за вршење на работите од надлежност на градоначалник за наведените општини ги именува:

Онер Јакупоски за повереник за Општина Маврово Ростуше

Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа

Буњамин Кадриу за Врапчиште и

Фадил Џелили за Гостивар.

Воедно, согласно член 134 став 3, Владата ќе го извести претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник во овие општини.

Дел од експертите уште пред неколку месеци, кога премиерот Христијан Мицкоски ја најави можноста да се именуваат владини повереници во општините доколку изборите пропаднат, идејата ја оценија како незаконска и предупредија дека со неа се суспендира демократијата.

Ако не успее изборниот процес, Владата има можност да постави повереници, вели Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот