Владата додели 50 стипендии за странци со македонско потекло

100 дена од владата на Ковачевски/Фото: Влада на РСМ

Владата донесе одлука за доделување на 50 стипендии на странски државјани кое имаат македонско потекло а живеат во државите на Балканскиот Полуостров.

Тие ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид,  „Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година, пишува МИА.

-На предлог на Министерството за образование и наука, Владата донесе и Одлука за давање согласност на конкурсите за запишување студии од втор циклус на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово, Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите за запишување на студенти во втор циклус на студии за академската 2023/2024 година, соопшти владината прес-скужба.

На предлог на Министерството за образование и наула, Владата донесе одлука и за давање согласност на конкурсите за запишување студии од трет циклус на  универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,  „Св. Климент Охридски“ – Битола,  „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, во академската 2023/2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот