Влада на РМ- зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Влада: Телефонски број преку кој ќе се организира бесплатен превоз и сместување за роднините на повредените во Кочани

Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата на пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во странските земји, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Во вчерашниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 150 беа повредени. Според последните информации од министерот за здравство Арбен Таравари, сите пациенти кои не се лекуваат во странство се префрлени во скопските болници, каде има вкупно 84 пациенти, а до крајот на денот уште 26 треба да се испратат во други држави. До крајот на денот вкупно во земјава ќе останат 58 пациенти.

„Ги повикуваме семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070270370. Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош. Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси“, соопшти Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Митева додаде и дека е отворена единствена, официјална сметка за донации во соработка со Црвен крст, за да спречат каква било несигурност околу каналите за донации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот