Вкусно и здраво: Рецепт за печен лосос со зеленчук

Фото: Pexels / Anastasia Yudin

Разновидната и здрава исхрана не мора секогаш да вклучува часови стоење покрај шпоретот. Многу јадења се многу лесни за подготовка, а една од намирниците за која не е потребна долга термичка обработка е рибата.

Ако сте расположени за здрав и вкусен ручек подгответе лосос! Една од најпопуларните риби во светот, која може да се подготви на безброј начини. Денеска ви претставуваме рецепт за лосос печен во рерна кој е готов за дваесетина минути.

Лососот се пече во рерна само 10-15 минути, па затоа во овој рецепт избираме прилог за кој ќе одземе исто толку време и го сечкаме зеленчукот на тенки кришки и ленти за да не остане сиров.

Купете стекови од свеж лосос, во форма на потковица или исечени по должината на коските и побарајте од продавачот на риби да ви ги исчисти. Ако купите замрзнати, задолжително оставете ги да се одмрзнат во фрижидер претходниот ден.

Состојки:

– 2 парчиња лосос
– 2 тиквички
– 2 црвени пиперки
– 1 сладок компир
– 100 мл маслиново масло
– пола лимон
– 2 чешниња лук
– сол, бибер
– 1 лажичка копар (сушен или свеж)

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее до 200 степени. Измијте ги парчињата од лосос и добро исушете ги со хартиена крпа.
Исчистете го зеленчукот. Слаткиот компир исечкајте го на тенки кришки бидејќи му треба најмногу за печење.

Тиквичките и биберот исечкајте ги на ленти со големина на залак. Во еден сад ставете го целиот зеленчук, измешајте и посолете.
Измешајте маслиново масло со сецкан копар, издробен лук и сок од лимон.

Секое парче од лосос посолете го, па премачкајте го со мешавина од масло и копар. Искористете го остатокот од маслото и копарот за да го зачините зеленчукот. Премачкајте го дното на плехот со масло. Одозгора ставете го зеленчукот, па рибата.

Се пече на 200 степени 10 до максимум 15 минути, со виљушка се тестира дали месото лесно се одвојува и дали зеленчукот е мек.
По желба послужете со парче лимон, повеќе маслиново масло или лук. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот