Високиот палестински функционер Саеб Ерекат е префрлен во болница откако му се влошила состојбата со коронавирусот

Фото: EPA/JAMAL NASRALLAH

Високиот палестински функционер и преговарач Саеб Ерекат, кој е заразен со коронавирус, синоќа бил префрлен во болница во Ерусалим, откако му се влошила здравствената состојба.

Израелските власти му дале дозвола на Ерекат (65) да биде хоспитализиран во израелската болница „Хадасах” во Ерусалим, откако во последните неколку дена дошло до влошување на неговата здравствена состојба.

Ерекат побарал да биде примен во израелската болница и покрај влошените палестинско-израелски односи поради планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, со кој на Израел му се овозможува да анектира големи делови на Западниот брег

Ерекат е долгогодишен советник на палестинскиот претседател Махмуд Абас и е главен палестински преговарач во последните мировни разговори.

Американските медиуми потсетуваат дека Ерекат има историја на заболување на белите дробови и дека во 2017 година имал трансплантација на бели дробови во САД.

Од почетокот на пандемијата на палестинските територии и на Западниот брег окупирани од Израел регистрир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот