Високата комесарка на ОН за човекови права ја повика војската на Мјанмар да престане да убива и апси демонстранти

Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Бачеле денеска ја повика армијата на Мјанмар да престане да „убива и затвора демонстранти”, се наведува во изјавата на Бачеле.

Бачеле наведува дека била згрозена од нападите врз персоналот на брзата помош додека им укажувала помош на повредените.

– Војската на Мјанмар мора да престане да убива и затвора демонстранти, се наведува во соопштението на поранешната претседателка на Чиле, која и самата била цел на апсења во нејзината земја.

Од воениот удар на 1 февруари во Мјанмар се убиени најмалку 54 демонстранти, а над 1.700 се уапсени, наведуваат ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот