Висока цена за висока мода: Модни трендови кои го загрозуваат здравјето

Фото: Принтскрин / Instagram

Жените се подготвени да платат висока цена за да бидат модерни, а во исто време да не зборуваат за износот на пари кои се издвоени за дизајнерските чанти и чевли. Овој пат мислиме на здравјето пред модата. Одредени модни трендови, наместо етикета на дизајнерот, би требало да ги имаат знаците за предупредување.

Голема чанта

Во типичната женска чанта можете да најдете телефон, полнач за телефон, паричник,комплет шминки, шише со вода, книга или весник, понекогаш дури и резервен пар на чевли. Иако се чини дека тие се мали работи, тие додаваат тежина – дури до 10 килограми и носењето на целиот тој товар може да предизвика болка во рамената и вратот.


Секој пат кога ја носите тежината на едната страна од телото во текот на подолг временски период, тоа предизвикува искривување на ‘рбетот, а тоа потоа резултира со  главоболка, болка во вратот и грбот.

Што можете да направите? Целта е да се постигне симетрија.

Изберете чанта која ќе можете да ја носите дијагонално преку телото. Ако не можете да го избегнете, носењето на класична чанта на едното рамо потрудете  се колку што можете почесто да ја менувате страната.

Високи потпетици

Mногу жени низ целиот свет обожаваат високи потпетици, но болката што ја чувствувате додека  одите во вашиот омилен пар на чевли со високи потпетици е најдобриот показател дека тие не се добри за вашето тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @heightsboutique_


Кога го носите високи потпетици – висина од 5 цм или повеќе – ногата се лизнува напред во чевелот, поради што прстите се во неприродна положба, па распределбата на телесната тежина е неправилна. Зголемената тежина на прстите го турка вашето тело напред, а за да ја одржите рамнотежата рефлексно ќе се свиткате наназад. Таквата положба на телото ќе направи вашите колена, колковите и долниот дел на грбот дополнително да се оптеретат. Доколку носите високи потпетици секој ден, тоа ќе остави трајни последици на вашиот грб, а да не ја спомнуваме и болката што ќе ја трпите.

Тоа не значи дека треба да се откажете од чевлите или сандалите со високи потпетици, но обидете се да не ги преоптоварувате стапалата  секој ден. Понекогаш направете пауза. Секогаш кога сте во можност носете патики или балетанки, особено кога одите на работа.

Тесни фармерки

Таканаречените „тесни фармерки“ или фармерки, кои се толку тесни што како што самото име вели, се залепени до телото како втора кожа, претходната сезона беа неизбежен тренд за мажите и за жените низ светот. За жал, обидот да ги облечете не е единствената непријатност во врска со овој модел. Премногу тесните фармерки можат да предизвикаат оштетување на нервите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LoveMyJeans (@lovemyjeans_official)


Ова нарушување се нарекува мералгиа парестетика (meralgia paresthetica) и се јавува кога притисокот во еден од нервите на надворешната страна на бутот предизвикува симптоми на вкочанетост и болка. Ако ги комбинирате  ваквите фармерки со  ултра високи потпетици, ризикот од оштетување на нервите е многу поголем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот