Виртус Болоња во драматична завршница славеше против Партизан во Белград

Фото: КК Партизан

Кошаркарите на Виртус Болоња се вратија на победите и тоа против Партизан во „Штарк Арената“ (75:77).

Италијанскиот тим издржа пред налетите од српскиот претставник и во завршницата покажа карактер за победа во рамките од 17. коло од Европа.

Почетокот на натпреварот донесе израмнет натпревар, а потоа први се наметнаа Италијанците и поведоа со двоцифрена разлика. Партизан се врати до ега, но Виртус дојде до +13 и на пауза замина со 36:41.

Во второто полувреме и двата тима имаа свои моменти, Партизан дојде до „минус два“, а како што одминуваа минутите се најавуваше драма во завршницата. Партизан дојде до на 72:73 во последната минута, но тогаш следуваше техничка грешка и фаул во напад на Кабокло.

Во драмата во последните секунди Партизан шансата за победа ја пропушти со нереализираниот обид за три поени на Камински. Џејмс Нанели со 19 поени го предводеше Партизан, додека кај Виртус се истакна Луденберг со 16.

Во останатите две средби кои се играа во истиот термин Фенербахче го победи Анадолу Ефес во турското дерби со 84:89, додека Макаби го совлада Жалгирис со 70:78,

ВИДЕО | Убав гест: Навивачите на Партизан го наполнија паркетот со играчки кои ќе израдуваат многу деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот