Виландер: Ѓоковиќ ќе биде прв фаворит на „Ролан Гарос“, но под еден услов

Новак Ѓоковиќ со повеќе мечеви би можел до настап на „Ролан Гарос“/Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Прославениот шведски тениски ас, Матс Виландер, верува дека Новак Ѓоковиќ може до титулата на „Ролан Гарос“.

Седумкратниот грен слем шампион верува дека открил што му треба на српскиот ас за да биде првиот фаворит за освојување на Отвореното првенство на Франција.

– Новак ги одмори главата и телото и ќе биде неверојатно мотивиран. Сега имаше време да направи совршен план да ги пречека „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“ што е можно поподготвен.

Секако дека би сакал да може да одигра повеќе мечеви, но доколку одигра уште три турнири ќе има вкупно 15 мечеви и во тој случај мислам дека ќе биде фаворит во Париз. Мислам дека треба да стекне самодоверба пред Отвореното првенство на Франција – рече Виландер.

Да потсетиме, Ѓоковиќ одигра само три мечеви во 2022 година. Поради тоа што не е вакциниран против ковид-19 не го доби правото да учествува на „Австралија Опен“, Мастерсот во Индијан Велс и Мастерсот во Мајами.

Ќе игра ли Ѓоковиќ на УС Опен: Њујорк ги олабавува мерките против коронавирусот, Вашингтон не ја трга забраната за влез на невакцинирани лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот