Викторија Бекам после 10 години се насмеа: Нејзиниот син објави слика на која сите гледаат во нејзините заби! (ФОТО)

Викторија и Бруклин Бекам / Фото: Инстаграм

Сопругата на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45), Викторија Бекам (46) ретко се смее во јавноста, а овој пат на фотографијата со синот покажа перфектна насмевка која ја криеше со години.

Имено, нејзиниот син Круз објави на својот профил на Инстаграм фотографија на која друштво му прави мајка му Викторија, а на која таа се смее и ги покажува своите совршени заби.

Оваа фотка собра повеќе од 150.000 лајкови.

– Очигледно е дека мојата мајка сепак се смее – напишал 15 – годишниот Круз во описот на фотографијата.

Ниту Дејвид Бекам не оддолеа, па напиша коментар со кој се пошегува на сметка на нејзиниот бронзен тен и совршени бели заби.

Фото: Инстаграм

– Колку се бели забите на мама? Како на Рос од „Пријатели“ – напишал прославниот фудбалер, алудирајќи на епизода од серијата во која Рос ги избели забите до неприродна нијанса.

Инаку минатата година Викторија прозборе за тоа зошто никогаш не се смее во јавноста:

– Сакам да бидам искрена. Во минатото веројатно сум се криела позади својата маска, а тоа е да не се смеам во јавноста. Но, сега помалку се држам до тоа. Постои нешто навистина ослободувачко во прифаќањето на тоа каков си. Чуствувам самодоверба, се чуствувам како да имам што да понудам – рекла Викторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот