Викенд Медиа Фестивал во Ровињ: Секс, лаги и недвижности – Зошто паѓа довербата во медиумите?

Повеќе од 150 предавачи и панелисти, пет паралелни сали и прв Weekend Masterclass во Гранд Парк хотелот во Ровињ, три дена богата фестивалска програма ќе го одбележат 12. издание на најголемиот комуникациски фестивал во регионот. На Викенд Медиа фестивалот во Ровињ, кој од 19 до 22 септември се одржува под покровителство на Адрис групите, се очекуваат преку 5.000 учесници од сите земји во регионот.

Бројните странски предавачи ќе ги предводат Сара Фишер од Аксиос и Сара Маршал од Вог, а забавната програма е резервирана за Лет 3, Дискобајаги, Електрични оргазам, Пилоти и бројни диџеи.

Фестивалот го отвара легендарниот предводник на “TAG Heuer“ и “Hublot“, Жан Клод-Бивер кој во четврток, 19 септември во 11 часот ќе одржи Weekend Masterclass предавање во најпрестижниот хрватски хотел, Гранд Парк Хотел во Ровињ, каде ќе ги открие тајните на водење на луксузни бренодви.

Најпознатите лица од музичката сцена на Балканот, Северина, Тони Хуљиќ, Стефан Ѓуриќ Раста и Реља Миланковиќ Рексон на панелот Кој тоа таму пее? – Нов бран во музичките трендови во регионот, ќе расправаат за вртоглавата популарност на новите жанрови и влијанието на дигиталните платформи врз трендовите во музиката.

На панел дискусијата Сите луѓе на претседателот која на едно место ќе ги собере сите водечки новинари и пи-ари, ќе се расправа за тоа како нашите политичари комуницираат. Пред панелот, ќе биде прогласен и најдобриот политички пи-ар кој во независно истражување на агенцијата Ипсос го избрале новинари кои ја следат работата на Владата и институциите. На панелот Секс, лаги и недвижности ќе стане збор за политичките комуникациски промашувања, а уредниците на некои од најголемите медиуми ќе расправаат зошто паѓа довербата во медиумите и кои се последиците од тоа за општеството.

На Weekend ќе се расправа и за бројните актуелни теми кои го одбележуваат деловното опкружување во регионот. Како во услови на хистерија околу тоа што сите сакаат да отидат и да работат во странство, да се задржат најдобрите работници и да се создаде опкружување кое ги привлекува најдобрите таленти е една од темите која предизвикува големо внимание. Воведот во панелот Како да се задржат најдобрите, кога сите сакаат да заминат?, кој ќе ги собере сите водечки хрватски експерти, ќе биде презентација на истражувањето за најдобрите пракси на хрватските компании кои успешно се спротивставуваат на хроничниот недостиг од работници, а кое ексклузивно за Weekend го спровела агенцијата Хендал.

Од темите на кои ќе се дискутира за состојбите на ТВ пазарот, посебно се издвојува A Brave New World: How Will The TV World Transform? на која водечките играчи ќе ги изнесат своите мислења како ќе се развива регионалниот ТВ и содржината на екосоставот. На Weekend ќе стане збор и за тоа зошто глобалните ТВ продукции се повеќе го бираат регионот за снимање на најпознатите серии и филмови, и што мора да превземеме за од тоа да направиме сериозен бизнис.

Низа предавања и расправи ќе бидат посветени на дигиталните теми, од кои ги издвојуваме панел дискусијата за вештачка интелигенција за која се прашуваме дали претставува опасност за човечкиот живот на кој денес сме навикнале. Предавањето за тоа како еволуцијата на туризмот отвара борјни можности за експертите од областа на маркетингот и комуникациите, ќе го одржи познатиот шпански експерт Еулогио Бордас.

Директорот на програмата на Викенд Медиа Фестивалот, Никола Врдољак, истакна:

„Weekend и оваа година ги собира најрелевантните експерти од регионот кои ќе расправаат за случувањата кои ја одбележаа годината која измина и трендовите кои ги очекуваме во следниот период. Оваа година доминираат теми од ТВ бизнисот, производството на содржини, новинарството, како и низа актуелни деловни теми со кои во разни облици се среќаваат комуникациските и бизнис професионалци во сите земји од регионот. Низа странски експерти со нас ќе ги споделат знаењата и искуствата од најразвиените земји од Европа и Америка.

Говорници кои не смеете да ги пропуштите

Предавачите кои пристигнуваат во Ровињ ги предводи Сара Фишер од Аксиос која ќе ни раскаже зошто американскиот претседател Трамп го почнува денот со твит каде ја повикува нејзината медиумска куќа и како успеала нејзиниот newsletter да стане секојдневно четиво на медиумските работници ширум светот. Сара Маршал од Вог ќе ни објасни како овој легендарен магазин успеал да се трансформира и како Вог гради публика низ длабинско разбирање на нејзините потреби. Пристигнува и Рена Ефенди, наградувана фотографка на National Goeographic која кариерата ја изградила врз инспиративни приказни за животот на малите луѓе ширум светот прераскажани низ фото објективот. Ранко Рајовиќ на предавањето Децата и дигиталната доба: Како со игра да го развиете детскиот коефициент не интелигенција? ќе зборува за воспитувањето на децата во модерниот свет, а Пит Радовиќ, добитник на 37 Еми награди, ќе ги сподели своите искуства за работата под притисок и ќе објасни како да се носите со секојдневните стресни ситуации.

Глобалните маркетиншки лидери ги предводи Јорг Риоми од Publicis Grup и Ај Којн од BBDO Автсралија. Покрај предавањата и панелите, учесниците на Weekend ги чекаат и бројни работилници межу кои ги издвојуваме, како добро да фотографирате со мобилен телефон и како функционира форматирано радио.

– Со прекрасни предавања и панели, Weekend е познат како место за најдобри забави со кои го одбележуваме крајот на летото. Меѓу бројните изведувачи оваа година ќе настапат Лет3, Дискобајаги, Електрични оргазам и Пилоти. Покрај нив, на паралелни сцени ќе настапуваат најдобрите диџеи од Хрватска и регионот – истакна Томо Рицов, директор на Викенд Медиа Фестивалот.

На овогодинешниот Weekend со посебна панел дискусија и забавна програма ќе биде претставена Риека како прв хрватски град кој идната година ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата. Ирена Крегар Шегота, директорка за партнерство и комуникација во проектот Европска престолнина на културата, Риека 2020, кажа што очекува од учесниците на Weekend.

Weekend и оваа година ќе понуди бројни новитети: од разни изложби, промоции на книги до посебно осмисленото катче за деца и часови за јога на плажата Монте Мулин. Години наназад Weekend мисли зелено, па и оваа година сите пластични чаши ќе бидат заменети со посебно дизајнирани чаши кои се мијат наменети за повеќекратна употреба. Со посебно нетрпение ја очекуваме BalCannes ревијата на најдобрите креативни изработки од целиот регион, како и SoMo Borac кој ќе ги награди најдобрите дигитални изработки за што оваа година има рекордни 130 пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот