Виенски економски институт: Рецесија им се заканува на сите земји од Средна, Јужна и Источна Европа

Според спроведената анализа на Виенскиот економски институт за економските последици од коронавирусот ,се наведува дека на сите земји од Централна, Јужна и Источна Европа им се заканува рецесија. Во анализата се потенцира дека веќе се видливи значајни негативни последици, многу валути веќе се ослабени и паѓа довербата на потрошувачите и претпријатијата.

Виенскиот економски институт укажува дека повеќе Централни банки во Регионот најавиле јасна реакција: „Клучот за ублажување на падот е во фискалната политика“, се нагласува во анализата.

Поголем број т.е.сите земји од Регионот, според прогнозата на Виенскиот економски институт, оваа година ќе доживеат длабока рецесија. Но, експертите од Институтот се оптимисти и прогнозираат дека во втората половина од 2021 година, ќе дојде до значајно подобрување.

Според анализата, земјите со поголем фискален простор за стимулација на своите стопанства и делотворен здравствен систем, ќе бидат во состојба подобро да го совладаат неизбежниот стопански пад. Посебно се споменуваат земјите кои во ЕУ пристапиле во 2004, балтичките земји, Чешка, Словачка, Словенија.

Инаку, веќе во пролетната прогноза, Институтот истакна дека 2020 ќе биде најлоша година за стопанството во Регионот од 2009.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот