Видно ослабен, Саакашвили се појави на сослушување

Саакашвили/ Фото Vano SHLAMOV / AFP / Profimedia

Затворениот поранешен грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска се појави видно ослабен на сослушувањето на кое присуствуваше преку видео врска, пренесуваат странските агенции.

Саакашвили, кој претходно беше познат по својот голем раст, беше потпрен со перница, рацете му се тресеа, а неговата некогаш црна коса сега е целосно побелена, покажуваат снимките од рочиштето на кое треба да се одлучи дали ќе остане во притвор или ќе му биде дозволено да оди на лекување во странство.

Поранешниот лидер (55) отслужува шестгодишна затворска казна за „злоупотреба на власта”, пресуда што тој ја нарече политичка. Тој беше осуден во отсуство во 2018 година додека живееше во егзил, а беше уапсен по неговото враќање во Грузија во октомври 2021 година.

Саакашвили беше на чело на Грузија од 2004 до 2013 година. Тој беше претседател за време на војната со Русија во летото 2008 година, која заврши со брз пораз на Грузија.

Здравјето на Саакашвили значително се влоши за време на неговото затворање, особено како резултат на повеќекратните штрајкови со глад . Властите го префрлија во болница каде продолжува да ја издржува затворската казна.

Група лекари од САД, кои го прегледаа на барање на неговите адвокати, изјавија дека тој страда од последиците од затворските услови и дека неговиот живот е во опасност.

Уапсен поранешниот грузиски претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот