ВИДЕО|Русија првпат нападна во близина на западните граници на Украина со земјите од ЕУ и НАТО- Харков наликува на Грозни

Шеснаесеттиот ден од руската инвазија на Украина. Руските тенкови стигнаа до североисточните порти на Киев, а неколку градови, вклучувајќи ги Луск, Ивано-Франковск и Дњепар, претрпеа жестоки гранатирања.

Дњепар беше гранатиран за прв пат од почетокот на инвазијата, а во нападите има и жртви.
Руските напади продлжија и во градот Харков каде руските сили ја погодија психијатриската болница во овој град , соопштија локалните власти.

„По военото злосторство во Мариупол, денеска непријателот директно ја погоди психијатриската болница Оскол“, напиша на својот канал Телеграм Олех Синегубов, шеф на регионалната државна управа во Харков.


Скај њуз јавува дека се уште нема податоци за жртви, но дека во болницата имало 330 лица. Скај наведува дека овие тврдења се уште не се независно потврдени.

Харков веќе 16 ден е целосно опколен од руските сили и секојдневно е гранатиран
Според многумина очевидци од теренот, Харков наликува на чеченскиот град Грозни кој во деведесетите години на минатиот веле беше целосно разурнат во војната на чеченските сепаратисти со Руската армија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот